sándor-márai

Шандор Мараи

Шандор Мараи е роден во Каша
(денес Кошице, Словачка) во 1900 година. Тој е еден од водечките романсиери на унгарската литературна сцена во триесеттите години на минатиот век. Познат е и како голем борец против фашизмот и комунизмот, поради што во 1948 година решава да ја напуши Унгарија и никогаш повеќе да не се врати назад.
Живее во егзил, најпрвин во Италија, а потоа во САД. Иако продолжува со пишување, Мараи одбива неговите дела да бидат објавени во Унгарија за време на комунистичкиот режим. Умира во
Сан Диего во 1989 година, осамен и речиси потполно заборавен.
Дури по падот на берлинскиот ѕид неговите дела повторно се откриваат и полека го заземаат своето заслужено место во унгарската и светската книжевност.
Негови позначајни дела се: Бунтовниците (1930), Туѓинци (1930), Сеќавања на еден граѓанин (1934), Наследството на Естер (1939), Синбад се враќа дома (1940), Казанова во Болцано (1940), Свеќите
горат до крајот (1942), Мир во Итака (1952), Крвта на Сан Џенаро (1965), Земја, земја (1972), Дневници и други.

1 книга од овој автор: