sadhguru

Садгуру

Џаги Васудев, познат како Садгуру, е еден од највлијателните современи духовни учители, хуманитарец, модерен јогин кој доживеал просветлување и со својата работа влијае врз животите на милиони луѓе преку своите трансформациски програми. Роден е на 3 септември 1957 година, во Карнатака, Индија. Дипломирал англиски јазик на Универзитетот во Мајсур, но и покрај желбата на неговите родители, одбил да магистрира во истата област и наместо тоа избрал бизнис. Кога имал дванаесет години, Јасудев почнал да посетува часови по јога и продолжил да практикува асани и пранајами. Во 1982 година доживеал просветлување на ридот Чаманду и по една година одлучил да предава јога и да го споделува своето искуство. Како највлијателен духовен учител во современиот свет, неговите практични поуки имаат примена во сите области на човековиот живот – од личниот развој, економијата, политиката, па сѐ до екологијата. Основач е на ценетата фондација „Иша“ која, поддржана од над три милиони волонтери низ целиот свет, спроведува активности и програми насочени кон внатрешната преобразба, а работи и на хуманитарни и еколошки проекти. Како говорник Садгуру гостува на најпознатите светски универзитети – Оксфорд, Станфорд, Харвард, на Светскиот економски форум, во Обединетите нации, но и во компании како „Мајкрософт“ и „Гугл“. Во 2017 година ја добил наградата „Падма вибхушан“, втора највисока годишна награди за исклучителна и истакната работа за нацијата што ја доделува Владата на Индија. Има посебен консултативен статус во Економскиот совет на Обединетите нации и е именуван за еден од 50 највлијателни луѓе во Индија според магазинот „Индија тудеј“. Други негови книги се Мистични размислувања и Смрт, внатрешна приказна.

2 books by this author: