sahar-hashemi

Сахар Хашеми

Во 1995 година, Сахар и Боби Хашеми го основаа синџирот кафетерии Кофи рипаблик и од тоа направија најпознат англиски бренд што чини 30 милиони фунти. Прекинувајќи ги своите професионални кариери, таа како адвокат во Лондон, а тој како банкар во Њујорк, тие целосно се насочија кон остварување на својот сон. Кофи рипаблик, што го создадоа тие, стана најважен фактор на „револуцијата на кафето“, со којашто англиската нација, од традиционален пијач на чај, се трансформира во нација опседната со кафето. На почетокот, тие двајцата беа менаџери на својата фирма, но откако бизнисот се разви до степен што веќе не можеше да биде управуван од едно место, се повлекоа и го препуштија водењето на фирмата на разни експерти. Во октомври 2003 година, на Сахар ѝ беше оддадена почит со покана да биде гостин во Бакингемската палата како „пионер на новиот стил на живеење на нацијата“, на собир чија цел беше да се одбележи придонесот што за Владата на Кралицата го дале таа и други поедници слични на неа. Книгата Секој може е објавена во 2003 година и стана бестселер број 1. Предложено е да биде и учебник во Бизнис-училиштето на Лондон. Денес Сахар Хашеми е официјален претставник на Фондот на Принцот на разни конференции, а говорела и на високо профилирани манифестации, како што беа Самитот на жените-директори одржан во 2002 година, Европскиот самит на Вол стрит журнал и на Претпријатие 100. Сахар и Боби Хашеми се братот и сестрата што го создадоа Кофи рипаблик, синџирот оригинални британски кафетерии. Откако ги напуштија своите добро платени работни места, таа како адвокат во Лондон, а тој како инвестициски банкар во Њујорк, ставија сѐ на коцка заради еден сон - да создадат најдобар синџир кафетерии во Британија. Осум години подоцна, тие се меѓу најуспешните и најдобрите британски претприемачи.

0 книги од овој автор.