Саманта Швеблин
Саманта Швеблин (1978) е аргентинска писателка од германско потекло. Дипломира на кинематографската школа на Универзитетот Буенос Аирес. Пишува раскази и филмски сценарија. Добитник е голем број награди за своите раскази. Нејзината прва збирка раскази, „Суштината на нередот“ (2002), е добитник на првата награда на Националниот фонд за уметност во 2001 година. Втората нејзина збирка раскази „Птици во устата“ (2009) ја доби наградата на „Каса де лас Америкас“ во 2008 година. Во 2010 година, британското книжевно списание „Гранта“ ја смести меѓу 22 најдобри писатели на шпански јазик помлади од 35 години. Во 2012 година ја доби наградата „Хуан Рулфо“ за расказот „Човек без среќа“, а во 2014 е добитник на наградата „Конекс“ за раскажувачкиот опус во периодот 2009-2013. Во 2015 година ѝ е доделена меѓународната награда за кратка проза „Рибера дел Дуеро“ за книгата „Седум празни куќи“, а истата година и наградата „Тигре Хуан“.