shakti-gawain

Шакти Гавејн

Шакти Гавејн има дарба за соединување на рационалниот западен ум со длабоката интуитивна мудрост на Истокот. Студирала психологија и уметност на играта на Колеџот „Рид“ на Универзитетот на Калифорнија. По дипломирањето, две години патувала низ Европа и низ Азија студирајќи источна филозофоја, јога и медитација.

Кога се враќа во Америка, продолжува интензивно да се занимава со личниот развој, учејќи и студирајќи кај многумина познати учители во Движењето за развој на човечките потенцијали. Нејзиното непрестајно истражување во психологијата и во филозофијата резултура со книгата „Креативна визуелизација“.

Нејзината втора книга „Да се живее во светлина“, која нè учи како да ја користиме својата интуиција и да станеме канал за креативна моќ на Универзумот, предизвика голем восхит. Само една година откако излезе од печат, преведена е на пет светски јазици.

Шакти Гавејн денес води курсеви и работилници по креативна визуелизација низ цела Америка. Позната е и нејзината Програма за креативни водители што ја предава во Округот Марин.

1 книга од овој автор: