shan-sa

Шан Са

Шан Са, чие вистинско име е Јан Ни, е родена во Пекинг во 1972 година, во богато семејство на интелектуалци. Пишува од својата седма година, на осумгодишна возраст ја објавува првата збирка, а на петнаесетгодишна возраст ја добива првата награда на Детскиот државен натпревар во поезија на Народна Република Кина. По завршувањето на средното образование, згрозена од настаните на Тјен Ан Мен (од 4 април до 3 јуни 1989). го ибира егзилот, заминува во Париз и таму му се придружува на татко си кој предаве на Сорбона. Во Париз студира филозофија и работи како секретарка на сликарот Балтус, чија сопруга Сестуко ù го открива богатството на јапонската цивилизација. Тој период ù овозможува на Шан Са да влезе во сликарската средина на уметниците и писателите. Нејзиниот прв роман на француски јазик, Вратата на небесниот мир, што го преработувала дваесет пати, ја доби наградата Гонкур за прв роман за 1997 година. Две години подоцна станува  и добитник на наградата Каз за романот Четирите живота на една врба.

Псевдонимот Шан Са на кинески значи шум на ветрот.

1 книга од овој автор: