Сајмон Синек
Сајмон Синек е британскo-американски автор, мотивациски говорник и маркетинг-теоретичар и консултант. Роден е на 9 октомври 1973 година, во Вимблдон, Англија, а живеел во Јоханесбург, Лондон и Хонгконг пред да се пресели со семејството во САД. Во 1991 година завршил средно училиште во Дамарест, Њу Џерси, потоа добил диплома по културна антропологија на Универзитетот Брандајс, по што студирал право на Лондонскиот градски универзитет сакајќи да стане адвокат. Но подоцна го напуштил универзитетот за да ја продолжи својата кариера во маркетингот. Најпрво работел во маркетинг-агенциите Еуро РСЦГ и Огилви и Мејдер. Подоцна ја основал својата компанија Синек партнерс. Неговиот говор Како големите лидери инспирираат акција е третата најпопуларна презентација на ТЕД-конференциите на сите времиња. Во октомври 2009 година ја издаде својата книга Почни со зошто – Како големите лидери нè инспирираат да дејствуваме. Неговата втора книга, Лидерите јадат последни, се појави на листата на бестселери на Волстрит џорнал и Њујорк тајмс. Негова трета книга е Заедно е подобро: Мала книга за инспирацијата. Во септември 2017 година излезе од печат неговата последна книга Пронајди го своето зошто: Практичен водич за откривање на целта за вас и за вашиот тим. Сајмон Синек е активен говорник на големи конгреси и корпоративни собири низ целиот свет. Покрај тоа, пишува и коментира за локални и национални медиуми меѓу кои се и Њујорк тајмс, Волстрит џорнал, Вашингтон пост, Факс компани, Блумберг бизнис вик и други.