Симона Петреска
Симона Петреска е родена на 14 февруари 1980 година, во Скопје. Дипломирала педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје. Денес е автор, мотиватор и животен тренер. Со својата работа ги подготвува луѓето да зачекорат сигурно во животот полни со инспирација, и ги поттикнува да ја пронајдат вистинската насока на својот пат кон духовно остварување. Срцевината на нејзината животна филозофија ја сочинуваат личното искуство, книгите на Џо Диспенца, Нил Доналд Волш, Лујза Хеј и Наполеон Хил, како и научните достигнувања на Никола Тесла и неговиот духовен пристап кон животот. Слободното време го поминува проучувајќи ги метафизиката и духовниот аспект на многу научници и филозофи кои го постигнале максимумот во својот умствен и духовен развој. Сите стекнати сознанија и научени вредности ги применува кај себе и во својот живот, а потоа ги споделува со луѓето кои се подготвени да ги спознаат радоста и сушината на постоењето.