smile-naumoski-brsjak

Смиле Наумоски - Брсјак

Смиле Наумоски-Брсјак е поет, раскажувач, есеист. Роден е во 1951 година, во с. Годивје, Охридско, а од 1958 година живее во Охрид. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1995 година.

Автор е на книгите: „Елементи“ (поезија, 1978), „Ковачница“ (поезија, 1992), „Ѕунки“ (поезија, 1996), „Де- војката со флејта“ (раскази, 2000), „Небесна свадба“ (избор поезија, 2001), „Забранета книга“ (поезија, 2011), „Цветот – психосеанса“ (поезија, 2019), „Зборовите гром и веда – совршенство или совршенство“ (поезија, 2019), „Новиот ден“ (роман за деца и млади, 2015).

Преведуван е на српски, хрватски, албански, бугарски, италијански, англиски и руски јазик. Застапен е во поетските антологии на македонски јазик: „Искована песна“, Култура 1984, Томе Момировски; „Убавите жени: жената во современата македонска поезија“, Дирекција за култура и уметност 2001, Васил Тоциноски; „Тело и струна“, Струшки вечери на поезијата 2002; „Македонска современа поезија“, 2008, Веле Смилевски; „Човекот во изобилие“, Струшки вечери на поезијата 2013 г. Со раскази е застапен во антологиите „Рассказы библиотека литературы Македонии“, 2009, Москва, и во „Anthology оf Contemporary Macedonian Short Story“, Мakavej, Skopje 2011 г.

Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои наградата „Студентски збор“ за најуспешна дебитантска книга на СВП за 1978 година, наградата за најуспешна песна на поети од Југославија, во Крагуевац во 1993 г., наградата „Живко Чинго“ за најуспешен расказ за 2007 г. и други. Свои творби објавувал во речиси сите книжевни весници и списанија во Македонија. Живее и твори во Охрид.

1 book by this author: