sogyal-rinpoche

Согјал Ринпоче

Согјал Ринпоче е реинкарнација на познатиот тибетски мистик Тертон Согјал. Бил одгледан како син на еден од најпрочуените духовни учители на овој век, Џамјанг Кјенце Чокји Лодро. Тоа всадило во него длабоко разбирање на суштината на будистичкото учење, што произлегло од неговото лично искуство и, во комбинација со традиционалниот тренинг на инкарнираниот лама, бил подготвен за иден духовен учител. Кога умрел Џамјанг Кјенце, Согјал Ринпоче го продолжил учењето со двајца големи учители, Дудџом Ринпоче и Дилго Кјенце Ринпоче. Студирал споредбена религија на Кембриџ и од 1974 година работи како духовен учител ширум светот. Во Тибетската книга на животот и смртта Ринпоче му го пренесува учењето на тибетскиот будизам на западниот свет за да им овозможи на луѓето да го сфатат и вградат ова учење во секојдневниот живот, за доброто на целото човештво и на оваа планета. Ова учење за состојбата на целосна будност, за врвот на духовната еволуција на поединецот (ѕогчен), не било раширено на Тибет и едно време најголемите учители не го давале ни во модерниот свет. Зошто сега јас го давам? Ова време се споменува во разни пророштва. Во едно пророштво се вели: „Во ова мрачно време суштината на ѕогченот ќе пламти како оган“. Јас би покажал недостиг на сочувство ако таа исклучителна мудрост не ја споделам со луѓето. Човечките суштества стигнаа до критична точка во својот развиток и ова време на крајна конфузија бара моќно и јасно учење. Сметам дека модерните луѓе сакаат пат без догма, исклучителност, едноставна и длабока патека, која може да се спроведе во животот на секој поединец...

1 book by this author: