sophie-daull

Софи Дол

Софи Дол е современа француска театарска актерка и писателка. Родена е во 1965 година, во Белфорт. За време на своето образование особено се истакнала по книжевните предмети, но и по часовите за пијано и пеење на Националниот музички конзерваториум во Стразбур. Токму во театарскиот клуб на средното училиште почнала и нејзината актерска кариера, што ја продолжува во театарската дружина на Марсел Гињар, во која ќе остане три години.

Во 2015 година ја објавила својата прва книга „Камил, мојата птица“, роман за болката од загубата. Нејзиниот втор роман „Шиење“ е посветен на мајка ѝ и го истражува нејзиното минато.

Во август 2018 година беше објавен нејзиниот трет роман, „На големото корито“, во кој зборува за околностите поврзани со убиството на мајка ѝ и соочувањето со нејзиниот убиец. Романот ја доби Европската награда за литература во 2019 година.

Покрај писателската и театарска кариера, Софи Дол е позната и по своите образовни и педагошки потфати – редовно предава на студенти од различно потекло. Поминала десет месеци координирајќи работилница за пишување за затворениците во Центарот за притвор југоисточно од Париз.

1 book by this author: