sophocles

Софокле

Според традицијата, Софокле во младоста добил одлично образование, „вежбал меѓу момчиња во палестра и [учел] музика; и за обете (вештини) бил овенчан […]. Учел музика кај Лампросiii, а потоа кога Атињаните биле собрани за трофејот поради поморската битка кај Саламина, тој гол, намачкан со масло, го водел хорот што пеел славенички песни за победата и се придружувал самиот со лира.“ Сведоштвата, исто така, информираат дека Софокле во својот прилично долг живот (живеел 90 години) патувал далеку во античкиот свет и бил навистина хедонист кој уживал во своите љубовни доживувања со млади момчиња. Овој податок, како и образованието и ангажираноста на младиот Софокле во јавните настани, како што е водењето на хорот по битката кај островот Саламинаv во 480 г., само го потврдуваат неговото благородничко потекло на кое алудираат повеќето извори.

Софокле, исто така, е фален и поради неговата побожност. Бил свештеник на исцелителот херој Халон, кој се поврзува и со култот на богот Асклепиј. Од тие причини, кога култот на овој бог бил претставен во Атина во 420 г., Софокле го примил и прифатил во својот дом. Изворите велат дека постхумно Софокле го носел култното име Дексион („Оној што го прима богот“) заради овој чин и дека бил почитуван како херој. Иако напишал над 100 трагедии и сатирски драми, денес целосно се зачувани 7 трагедии, како и една сатирска драма, Ловџиски кучиња, зачувана во поголем обем (околу 400 читливи стихови), пронајдена на папирус во нововековието. Трагедиите што се зачувани може да се датираат приближно вака: Ајант, прикажана во текот на 40-тите години од V век; Антигона, прикажана во периодот 443–438 г.; Трахинки, прикажана кон крајот на 30-тите години од V век; Кралот Едип, прикажана кон крајот на 20-тите години од V век, но не победил; Електра во 410-тите; Филоктет, 409 г., прва награда; Едип на Колон постхумно, 401 г., прва награда.

1 book by this author: