Спенсер Џонсон
Д-р Спенсер Џонсон е еден од најценетите и најсаканите автори на светот. Им помогна на десетици милиони луѓе да откријат како можат да водат по квалитетен живот користејќи ги едноставните вистини што водат кон исполнување и успех на работата и дома. Инспирирајќи ги и разонодувајќи ги луѓето со своите проникливи приказни, што им се обраќаат директно на срцето и душата, за него се вели дека е надобар во тоа сложените теми да ги претвори во едноставни решенија што функционираат. Д-р Џонсон е автор и коавтор на голем број бестселери според Њујорк тајмс, вклучувајќи го бестселерот број 1 Кој го здипли моето сирење? и Менаџер за една минута, најпопуларен метод на светот за менаџмент, што го напиша заедно со Кенет Бленчард. Откако се здобил со виша стручна подготовка по психологија на Универзитетот во Јужна Калифорнија, д-р Џонсон дипломирал на Кралскиот колеџ за хирурзи и го завршил своето стажирање на клиниката Мејо и во Медицинската школа на Харвард. Работел како директор за комуникации на Медтроник, пронаоѓачот на кардио-пејсмејкерот; во одделението за истражувања, како лекар во Институтот за интердисциплинарни студии; како консултант во Центарот за проучување на личноста; а од не одамна како предавач во Деловната школа на Хар вард. Неговите книги се преведени на четириесет и еден јазик.