stanislav-petkovski

Станислав Петковски

Станислав Петковски-Сашо од Скопје e специјалист по клиничка психологија, CTA трансакциски аналитичар и семеен системски терапевт. Тој е основач и раководител на психолошкото советувалиште „Модус центар“. Еден од основачите и претседател на Здружението за трансакциска анализа на Македонија и член на Европското (EATA) и Светското здружение (ITAA) за трансакциска aнализа. Веќе 20 години води групни семинари во кои учесниците можат да учат и усовршуваат комуникациски вештини. Kонсултант е на повеќе фирми од областа на градење на тимот и вештини во комуникацијата. Автор на книгите Кога мечката е свиња и Оружјата на критичкиот родител, во кои се анализираат погрдните зборови како начин на комуникација. Автор е и на повеќе написи во неделници и на трудови од областа на трансакциската анализа.

1 book by this author: