stefan-markovski

Стефан Марковски

Стефан Марковски (роден во Гевгелија, 01.12.1990) е современ македонски писател. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а потоа и на Филозофија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Постдипломец е на Факултетот за Драмски уметности, насока Филмско и ТВ-сценарио. Автор е на книгите: Еднонасочно (роман, 2009), Апеирон (поезија, 2010), За некои спомени на онаа некогашност“ (поезија, 2010), Хиерархиска еволуција на свеста (психологија и филозофија, 2012), Мета(де)конструкција и општа филозофија (филозофија, 2012), Среќата е глагол (психологија и филозофија, 2013), Продавачот на ветар и магла и други приказни (раскази и драмски текст, 2015), In Nomine (поезија, 2016), Сиво сјаат вселените (поезија, 2016), Смртта долетува насмевната (раскази, 2017), По трагата на белиот грифон (поезија, 2018). Дел од неговото творештво е преведено и објавено на неколку европски јазици. Автор на есеи, статии и трудови од книжевната теорија и филозофијата, како и на сценарија за краткометражни и еден долгометражен филм. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот центар на ITI и на други асоцијации. Главен и одговорен уредник е на најстарото македонско книжевно списание – Современост, наследник на првото македонско списание за книжевност и култура Нов ден. Уредник е и на поетските збирки вклучени во проектот „Метрички карван“, како и на порталот Зеница.

1 книга од овој автор: