Стефан Миленков
Стефан Миленков е роден во 1997 година, во Скопје. Три години од средното образование завршува во скопската гимназија СУГС „Никола Карев“, а учебната 2014 – 2015 година ја завршува во Соединетите Американски Држави како стипендист на Програмата за размена и студии за млади Кенеди-Лугар (Kennedy – Lugar Youth Exchange and Study). Во 2018 година се запишува на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на Катедрата по театарска и филмска драматургија, во класата на проф. м-р Маја Стевановиќ. Во тој период ги пишува драмите „Објект: актер“, „Страв“ и „Потаткување“.
Во 2019 година Миленков освои прво место на меѓународниот фестивал за едноминутна драма „One-Minute Play Contest“ организиран од страна на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана (AGRFT). Наградениот текст „Отвори врата!“ потоа е изведен на сцената на Словенско народно гледалишче на фестивалот „Боршчникови средби“ во Марибор. Пред да почне и самиот да пишува драми, Стефан долго време поминува на театарската сцена како дел од неколку актерски екипи.
Во 2014 година му е доделена награда за најдобра епизодна машка улога во претставата „Чернодрински се враќа дома“ на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија – Кочани.