Стела и Сани
Стела и Сани се најдобрите пријатели на децата. Стела доаѓа од ѕвездите, а Сани од сонцето. Тие се првите 3Д анимирани ликови наменети за едукација и забава на децата од сите возрасти – од најмалите, па сè до тинејџерите. Нивните сликовници, картички за меморија, боенки и романи се многу популарни, а имаат и голем број прегледи на забавните песни на Јутјуб на нивниот канал „Стела и Сани“.
Често настапуваат во живо и нивните настани се мошне посетувани. Соработуваат со многу познати македонски автори и илустратори, како Винка Саздова, Венко Андоновски, Јагода Михајловска-Георгиева, Бистра Георгиева, Катерина Николовска, Наталија Лукомска. А што е најважно од сè – нема дете кое не ги обожава.