stephen-covey

Стивен Кови

Стивен Р. Кови е светски признат авторитет за управување, семеен експерт, предавач, организациски консултант, основач на поранешниот Кови раководен центар и претседател на Компанијата Френклин Кови. Најголем дел од својот живот го посветил на принципиелниот начин на живеење и на принципиелното лидерство. Магистрирал на Харвард и докторирал на Бригам универзитетот каде бил професор по организациско однесување и деловен менаџмент. Извесно време бил директор на универзитетскиот отсек за односи со јавноста и помошник директор. Во својата триесетгодишна практика предавал на милиони поединци, семејства и деловни луѓе, посветувајќи се на едукацијата и на управувањето со трансформирање на моќта на принципите и на природните закони кои управуваат со човековиот и со организацискиот успех. Доктор Кови е автор на неколку признати книги, вклучувајќи ја 7-те навики на успешните луѓе, која е на врвот на листата на бестселери веќе седум години и е прогласена за највлијателна деловна книга на дваесеттиот век од страна на читателите на списанието Чиф Егзекјутив. Книгата е продадена во повеќе од десет милиони примероци во 70 земји од светот и преведена на 28 јазици. Неговите книги Принципиелно управување и Определете ги приоритетите спаѓаат во бестселерите на изминатата деценија. Доктор Кови и останатите автори, мислители и говорници на Компанијата Френклин Кови, сите стручњаци од областа на управувањето и успешноста, упорно го привлекуваат вниманието на медиумите од целиот свет. Помеѓу останатите, доктор Кови е добитник на одликувањето на факултетот Томас Мор за својот придонес за хуманизмот, потоа на наградата Врвен предавач од страна на Тоастмастерс Интернешнел и наградата на списанието Национален менаџер за животно дело во областа на организирањето. Сопственик е на неколку почесни докторати. Списанието Тајм го прогласи за еден од дваесет и петмината највлијателни Американци. Стивен со сопругата Сандра и со семејството живее во Роки Маунтин, Јута.

1 книга од овој автор: