Стефани Мајер
Стефани Мајер е родена на 24 декември 1973 година, во Конектикат, како една од шесте деца, а израснала во Аризона. Својот сопруг го запознала на четири години, но, според сопствено кажување, нивното пријателство, за среќа, започнало дури по шеснаесет години, кога деветте месеци „одење“ заедно, завршило со брак. Имаат тројца синови и живеат во Феникс, Аризона. Нејзиниот книжевен првенец, тинејџерскиот роман Самрак, настанал по еден живописен сон што го сонувала во летото, 2003 година. Тој сон е опишан во тринаесеттото поглавје од книгата. Книгата наишла на одличен прием кај младите читатели, објавена е во 43 земји на светот, и според неа е снимен филм. Романот Самрак прерасна во серијал од четири продолженија - по него следуваат Млада месечина, Замрачување и Зазорување. Во 2008 Стефани Мајер го објави и својот прв роман за возрасни, The Host. Со продадени над 40 милиони примероци ширум светот и 84 недели поминати на бестселер листата на Њујорк тајмс, Самрак прерасна во светска книжевна сензација.