steven-pressfield

Стивен Пресфилд

Стивен Пресфилд е американски сценарист и писател, автор на десет романи и десетина книги од областа популарна психологија и самопомош. Најпознат е по светските бестселери Легендата за Багер Венс (1995), Огнена порта (1998), Приливот на војната (2000), Последната Амазонка (2002), Александар: добродетелите на војната (2018), Оклопник (2021). Неговата втора и воедно најпозната книга Огнена порта е официјално вклучена во задолжителната литература за студентите на Воената академија на САД и на Воениот институт во Вирџинија. 

Роден е на 1.9.1943 година, во Порт оф Спејн, Тринидад. Дипломирал на Универзитетот Дјук во 1965 година. По една година им се приклучил на маринците. По својата демобилизација во 1971 г. се преселил во Њујорк и работел на многу привремени работни места: рекламен текстописец, тракторист, бармен, работник на пристаниште и на нафтени полиња, чувар во психијатриска болница, магационер. Во времето кога се борел да стане писател еден период живеел како бескуќник, на задните седишта на автомобилот. Сите тие негови искуства наоѓаат одраз во неговата книга Војната на уметноста

Напоредно со писателската кариера, предава на Воената академија на САД, на Военопоморската академија и во Основната маринска школа во Квантико.

Во 2012 година, заедно со својот агент, Шон Којн, ја основа издавачката куќа Црни ирски книги (Black Irish Books).

Живее во Лос Анџелес со семејството. 

1 book by this author: