Стиг Ларсон
Стиг Ларсон е шведски писател, автор на мегапопуларната трилогија Милениум и еден од најчитаните автори на денешницата. Иако никогаш не доживеа да ја види големината на своите дела (почина ненадејно во 2004 година), Ларсон речиси сиот свој живот го посвети на пишување за она во што веруваше и против што се бореше – расизмот, десничарскиот екстремизам и корумпираноста на политичките елити во својата земја и пошироко во Европа. Непосредно пред неговата смрт, тој успева да ги заврши трите дела од серијата Милениум. Досега оваа трилогија се продаде во над 26 милиони примероци низ целиот свет, што го направи еден од најпродаваните автори на планетата.