stiv-kavana

Стив Кавана

Стив Кавана е наградуван ирски автор на криминалистички романи. Детството го поминал во Белфаст. На осумнаесетгодишна возраст се преселил во Даблин, каде што студирал право. Работи како адвокат по граѓанско право, забележано е неговото учество во неколку големи познати случаи. По положениот највисокиот степен на правосудниот испит, држи и предавања по различни судски прашања. Во 2015 година е избран за програмата на Амазон Ѕвезди во подем, а истата година ја освојува и наградата АЦЕС (План за подобрување на кариерата на уметниците) што секоја година ја доделува Уметничкиот совет на Северна Ирска. Неговиот дебитантски роман Одбрана е објавен во 2015 година и е прв од серијалот за Еди Флин. За него бил номиниран за наградата Стил дагер на Асоцијацијата на крими автори „Јан Флеминг“ за трилер на годината. За романот Зделка ја освојува Наградата Полар за најдобар роман. Неговиот трет роман Фантом ја добива наградата Голд дагер за најдобар криминалистички роман за 2018 година. Стив Кавана пишува динамични правнички трилери чие дејство се одвива во Њујорк. Како главен лик во нив се јавува необичниот судски адвокат Еди Флин.

1 book by this author: