svetlana-zhuhova

Светлана Жухова

Светлана Жухова (1976, Братислава) е словачка писателка и преведувачка. Студирала психологија на Универзитетот во Виена и на Универзитетот „Комениус“ во Братислава. Двапати ја добила наградата на словачкиот годишен конкурс за расказ „Повједка“ (2001 и 2005 година). Нејзиното прво дело, збирката раскази Дулче де лече, излезе од печат во 2003 година и ја доби наградата „Иван Краско“ за најдобро дебитантско дело. Оттогаш има објавено уште три романи. Во Јесим (2006) го опишува животот на турските емигранти во Австрија и ги раскажува клучните настани на главниот лик, младата жена Јесим. Во романот Крадци и сведоци (2011) продолжува со својот интерес за психологијата на личноста која го напушта својот дом, истовремено истражувајќи ги односите во имигрантските заедници. Нејзиниот трет роман Слики од животот на М. (2013) го опишува животот на младата медицинска сестра Марисија. Сите три романи беа номинирани за најпрестижната книжевна награда во Словачка, „Анасофт литера“, за книга на годината. Во 2015 година романот Слики од животот на М. ја доби Наградата за литература на Европската Унија. Жухова преведува од англиски и германски јазик, меѓу кои делата на авторите Мишел Фабер, Сара Кејн и Софи Кинсела. Работи на Клиниката за психијатрија во Прага.

1 book by this author: