swami-sivananda

Свами Шивананда

Шри Свами Шивананда е роден на 8 септември 1887 година, во прочуеното семејство на мудреци на Апаја Дикшита и неколкумина други познати светци и учени. Има истанчен инстинкт за живот посветен на проучување и практикување на веданта, со вроден стремеж да им служи на другите, како и внатрешно чувство на единство со целото човештво. Неговата страст за помагање го води во медицинската професија; набрзо се наоѓа онаму каде што мисли дека неговата помош е најпотребна. Поканет е во Малаја. Уште пред тоа издава списание за здравје, во кое нашироко пишува за решавање на здравствените проблеми. Открива дека на луѓето, пред сè, им е потребно правилно знаење; ширењето на таквото знаење го прифаќа како своја мисија. Божји дар и благослов за човештвото, лекар за телото и за умот, тој се откажува од својата кариера и почнува да води живот на самоодрекување, за да се оспособи за помагање на човечката душа. Во 1924 година се преселува во Ришекеш, интензивно практикува аскеза и станува јоги, светец, мудрец и џиванмукта. Во 1932 година ја основа Шиванандаштрам; во 1936 година Друштвото за божествен живот, а во 1948 година Академијата на веданта. Целта на овие институции била ширење на спиритуалното знаење и учење на јога и на веданта. Во 1950 година Шивананда заминува на пат низ Индија и Цејлон, а во 1953 година го организира „Светскиот парламент на религиите“. Шри Свами Шивананда е автор на над 300 книги, а неговите ученици се наоѓаат насекаде низ светот, им припаѓаат на сите нации, религии и убедувања. Читањето на неговите дела значи да се пие од изворот на највозвишената мудрост. На 14 јули 1963 година Шивананда влезе во махасамади, чин на свесно и намерно напуштање на телото За време на смртта што го практикуваат поклониците на јога- филозофијата. Шри Свами Шивананда е роден на 8 септември 1887 година, во прочуеното семејство на мудреци на Апаја Дикшита и неколкумина други познати светци и учени. Има истанчен инстинкт за живот посветен на проучување и практикување на веданта, со вроден стремеж да им служи на другите, како и внатрешно чувство на единство со целото човештво. Неговата страст за помагање го води во медицинската професија; набрзо се наоѓа онаму каде што мисли дека неговата помош е најпотребна. Поканет е во Малаја. Уште пред тоа издава списание за здравје, во кое нашироко пишува за решавање на здравствените проблеми. Открива дека на луѓето, пред сè, им е потребно правилно знаење; ширењето на таквото знаење го прифаќа како своја мисија. Божји дар и благослов за човештвото, лекар за телото и за умот, тој се откажува од својата кариера и почнува да води живот на самоодрекување, за да се оспособи за помагање на човечката душа. Во 1924 година се преселува во Ришекеш, интензивно практикува аскеза и станува јоги, светец, мудрец и џиванмукта. Во 1932 година ја основа Шиванандаштрам; во 1936 година Друштвото за божествен живот, а во 1948 година Академијата на веданта. Целта на овие институции била ширење на спиритуалното знаење и учење на јога и на веданта. Во 1950 година Шивананда заминува на пат низ Индија и Цејлон, а во 1953 година го организира „Светскиот парламент на религиите“. Шри Свами Шивананда е автор на над 300 книги, а неговите ученици се наоѓаат насекаде низ светот, им припаѓаат на сите нации, религии и убедувања. Читањето на неговите дела значи да се пие од изворот на највозвишената мудрост. На 14 јули 1963 година Шивананда влезе во махасамади, чин на свесно и намерно напуштање на телото за време на смртта што го практикуваат поклониците на јога- филозофијата.

1 book by this author: