tana-french

Тана Френч

Тана Френч е роденa во 1973 година. Детството го поминала во Ирска, Италија, САД и на Малавите, а од 1990 година живее во Даблин. По професија е актерка, а подоцна почнува да се занимава со пишување. Автор е на неколку исклучително популарни криминалистички романи, кои имаат статус на светски бестселери. За своите дела освоила многу награди, меѓу кои наградата Едгар Алан По (2008) за романот Во шумата и Ирската награда за литература за романот Пристаниште (2012), додека за романот Кобно место во 2012 година е номинирана за наградата ИМПАК Даблин. Живее во Даблин со својот сопруг и со двете ќерки.

2 books by this author: