tara-westover

Тара Вестовер

Тара Вестовер е родена во малото место Клифтон, Ајдахо, во 1986 година, во мормонско семејство кое не верува во државното образование. Како и нејзините браќа и сестри, и таа самата се школува, во домашни услови. Во 2008 година дипломира на Универзитетот „Бригам Јанг“, по што добива стипендија од Гејтс Кембриџ. Во 2009 година завршува магистерски студии по филозофија на Тринити колеџ, Кембриџ, а во 2010 г. ја назначуваат за асистент на Харвард. Повторно се враќа во Кембриџ и во 2014 година завршува докторски студии по историја. Образована (2018) е нејзината прва книга, која стана бестселер на Њујорк тајмс и беше рангирана како една од десетте најдобри книги во 2018 година. Списанието Тајм ја избра Вестовер за една од 100-те највлијателни луѓе во 2019 година. Образована беше прогласена за книга на годината од Здружението на американските продавачи на книги, ја доби наградата Оди за најдобра мемоарска книга, наградата Алекс од Здружението на американски библиотекари, беше прогласена за мемоарска книга на годината на Епл, за книга на годината од Хадсон груп. Исто така, беше избрана за книга на годината и од страна на Вашингтон пост, списанието Опра, Тајм, Гуд морнинг Америка, Гардијан, Сан Франциско кроникл, Економист, Фајненшл тајмс, Њујорк пост, Паблишерс викли и други. Се најде на списокот на омилени книги за 2018 година на Барак Обама и Бил Гејтс.

1 book by this author: