Тибо Морис
Тибо Морис е автор, тренер и основач на whatispersonaldevelopment.org. Со свои статии има учествувано на многу познати веб-страници за личен развој, како Lifehack, TinyBuddha, MotivationGrid, PickTheBrain, DumbLittleMan и FinerMinds. Тибо е роден во Франција, но повеќе години живее во Јапонија, каде што студирал и започнал да работи за јапонската влада како координатор за меѓународни односи.Обземен од идејата за самоподобрување и фасциниран од моќта на умот, неговата лична мисија е да им помага на луѓето да го остварат својот полн потенцијал и да достигнат повисоки нивоа на исполнетост и свесност. Како што вели самиот: „Пишувам едноставни, практични книги за самопомош за обични луѓе кои бараат извонредни резултати“.
Тибо е автор на над 20 книги. „Завладејте со своите емоции“, бестселер на Амазон, е продаден во над 200.000 примероци и е преведен на повеќе од 10 јазици, вклучувајќи француски, шпански, германски, кинески, тајландски и руски.
Може да се поврзете со него преку неговата фејсбук-страница https://www.facebook.com/whatispersonaldevelopment.org