thich-nhat-hanh

Тич Нат Хан

Тич Нат Хан (11 октомври 1926) е виетнамски зен-мајстор, монах, поет и мировен активист. Во Виетнам ја основал Младинската школа за социјална работа („Мал мировен корпус“), установа која придонела за обнова на селата разурнати во бомбардирањата, како и за повторно вдомување на десетици илјади луѓе кои пребегале од воените зони. Исто така, го основал и будистичкиот универзитет „Ван Хан“, издавачката куќа Ла Бои прес и Редот на меѓубитисување „Тием Хиен“. Во 1966 година заминува за Соединетите Држави и Европа, на покана од Друштвото за помирување, за да „ги застапува желбите на народот на Виетнам од сите вероисповеди, кој нема можност да говори во свое име“ (Њујоркер, 25 јуни 1966). Мартин Лутер Кинг Помладиот го номинира за Нобелова награда за мир во 1967 година. Бидејќи по прекуморското патување веќе не можел да се врати во Виетнам, добил азил во Франција, каде што е поставен за претседател на будистичката мировна делегација за време на Мировните преговори во Париз. Денес живее во Плам Вилиџ, во една мала општина во југозападна Франција, каде што сѐ уште се занимава со предавања, пишување, градинарство и помагање на бегалците низ целиот свет. Во медитативниот центар Плам Вилиџ монасите, монахињите и световните лица од двата пола се занимаваат со уметноста на живеење во будноумие. Со задоволство ги канат посетителите да им се придружат во вежбите на барем една недела. Автор е на над сто книги, од кои четириесетина му се напишани на аглиски јазик.

1 книга од овој автор: