tinoski

Тиноски

Tиноски приказната започна случајно во 2015 година со првата нацртана шолја а денес како препознатлив локален бренд за креатива и дизајн се надоврзува со низа уникатни производи за индивидуални и корпоративни потреби.

Проширувајќи ја својата дејност и работа, Тиноски во 2020 година го отвори и своето првото официјално изложбено - продажно студио во срцето на Дебар маало. Основачот и креативец Валентин Петрески вели дека е среќен што дизајнитепредизвикуваат насмевки, убави емоции, шаренило од пораки и цртежи кои го будат детето во себе. 

Она што го гледате во дизајните на Тиноски сум целосно јас. Несовршено, едноставно а истовремено и шарено, прифатливо за сите. Драго ми е што Тиноски наметна стил кој се прифати од публиката и само заеднички се надоградува. Препознатливост се гради кога со сета енергија ќе се дадете себеси. Се останато што се надоврзува е само плус на тоа. Ме инспирираат приказните на луѓето, вели Тино.

7 books by this author: