tode-ilievski

Тоде Илиевски

Тоде Илиевски е поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист, преведувач, енигматичар и шаховски проблемист. Роден е на 7 март 1952 година, во с. Мраморец, Охридско. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како просветен работник, директор на Радио Дебар и на НУБ „Григор Прличев“ во Охрид. Бил член на редакциите на повеќе литературни и енигматски списанија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, но и на други здруженија од Словенија, Хрватска, Естонија... Објавувал во „Другарче“, „Развигор“, „Наш свет“, „Чекор- че“, „Колибри“... Автор е на поетските книги за деца и млади: Ведро едро (1990), Изворите во горите (1999), Липов чај (2009) и Ќерката на поетот (2011). Објавил и книги поезија за возрасни: Концерт за шумите (1992), Зелен блен (2001), Лов на Лебедовото Езеро (2008). Автор е и на неколку изданија од повеќе други области (библиотекарство, проблемски шах...) Добитник е на повеќе домашни и странски признанија и награди, меѓу кои позначајни се Повелбата на Св. Климент (2002), Наградата на Празникот на липите (2003 и 2006), Наградата на фестивалот „Славјанска прегратка“ – Варна (2008), Наградата на ДПМ „Ванчо Николески“ (2009) за најдобра книга за деца, Наградата „Игнација“ на фестивалот „Розите на Елбасан“ (2010) и Наградата „Перото на Живодраг Живковиќ“ (за животно дело, Зеница – БиХ, 2015). Дел од творештвото му е преведен на десетина јазици. Застапен е во голем број антологии, избори и учебници.

1 книга од овој автор: