toontellegen

Тон Телеген

Тон Телеген (18 ноември 1941) е холандски раскажувач и поет. Студирал медицина на Универзитетот во Утрехт, а потоа работел како општ лекар во Амстердам. Се смета за еден од најдобрите холандски автори чии дела се закитени со голем број книжевни награди. Голема популарност уживаат неговите книги за деца, особено оние во кои се опишуваат антропоморфни животни, какви што се оние за мравката и верверичката и други животни кои се обидуваат да го најдат своето место во големиот свет. Писателската кариера Телеген ја започнал како поет. Својата прва книга за деца ја објавил во 1984 година – Ни ден без авантура: 49 приказни за верверичката и другите животни. Следувале уште четири збирки, сите собрани во книгата Можеби знаат сѐ, во 1995 година. Ги објавил збирките раскази за деца: Писма до секого, за која ја доби наградата Марш за детска литература во превод во 2011 година; Роденденот на верверичката и други забави; Далеку преку морето; Голема и комплицирана авантура. Добитник е и на данската наградата „Тео Тисјен“, која им се доделува на автори за деца и млади за нивното целокупно творештво. Освен книги за деца, неговиот богат опус вклучува и поезија и проза за возрасни. Во творештвото за деца и млади на Телеген еднакво уживаат и возрасните, не само поради забавните и необични ситуации што ги создава, туку и поради тоа што во поголемиот дел од своите дела обработува и теми од секојдневниот живот и од филозофијата.

2 books by this author: