totth-benedek

Бенедек Тот

Бенедек Тот е современ унгарски писател, еден од најпознатите и најнаградуваните автори од новата генерација. Роден е во 1977 година, во градот Капошвар. Завршил Американска литература и денес работи како уредник и преведувач во Будимпешта. Досега има преведено над 50 романи од значајни американски и англиски автори, меѓу кои Кормак Макарти, Стивен Кинг, Олдос Хаксли, Хантер С. Томпсон, голем број раскази, стрипови, сценарија и др. Во 2014 година го објавува својот прв роман „Мртва трка“, за кој во 2015 г. ја добива наградата „Марго“ за најдобро дебитантско дело. Книгата зборува за егзистенцијалната безнадежност на еден мал провинциски град преку приказните на четворица тинејџери. Во 2017 година Тот го објави својот втор роман, антиутопијата „По последната војна“, за чие создавање големо влијание му извршиле значајни дела од тој жанр, а пред сѐ, „Патот“ од Кормак Макарти. Во постапокалиптичниот пустош во кој е претворен светот по атомската војна, едно момче спасува ранет американски војник и двајцата тргнуваат по трагите на Тео, неговиот помал исчезнат брат. Бенедек Тот пишува бескомпромисно, сурово, каков што е и светот што го опишува, со елементи на акција, фантастика, хорор и митолошки алузии.

1 book by this author: