tove-jansson

Туве Јансон

Туве Јансон (Tove Jansson, 1914 – 2001) е родена како најстаро дете во уметничко семејство. Татко ѝ бил финско-шведскиот скулптор Виктор Јансон, а мајка ѝ шведската илустраторка и цртачка Сигне Хамарстен-Јансон. Таа имала двајца помлади браќа, Пер Олов Јансон, кој станал фотограф, и Ларс Јансон, автор на стрипови. Во романот „Ќерката на вајарот“ (1968) го опишала своето детство во боемската граѓанска уметничка средина во Хелсинки. Летата семејството ги минувало на крајбрежните острови, кои имале големо значење кога Туве Јансон ја обликувала Муминската Долина. Туве Јансон е добитник на многу награди и признанија, меѓу кои плакетата „Нилс Холгерсон“ во 1953 година, Златен медал „Ханс К. Андерсен“ во 1966 година, Финската награда за книжевност во 1993 година, Големата награда на Шведската академија во 1994 година и многу други.

2 books by this author: