vanja-izova-veleva

Вања Изова Велева

Вања Изова Велева е македонска поетеса, есеист, публицист од Струмица. Дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата Македонска книжевност со Јужнословенски книжевности. Магистрирала на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на студиската програма за постдипломски студии под наслов Културолошки студии во книжевноста, и се здобила со звање магистер по културологија. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1995 година. Ги објавила книгите поезија: 1. Вентил во постоењето, 1993 2. Смртта на рибата, 1995 3. Зашиени грла, 1997 4. Правта не зборува, 2002 5. Плач во кутија, 2007 6. Бездна угоре, 2010 7. Позајмена прашина, 2013 8. Безмалку, 2016. Автор е и на прозните записи Неколку легенди за Струма, 2011 г. и на книгата Жената и каменот, 2013 г. (магистерски труд). Коавтор е на монографското издание Чекори по ѕвездените штици. Застапена е во повеќе антологии. Дел од нејзината поезија е препеана на англиски, француски, српски, словенечки, шпански, бугарски, полски и руски јазик.

1 книга од овој автор: