Ведрана Стојановска
Ведрана Стојановска на патот на животот и едукацијата низ нејзиниот личен развој открива дека судбината на човековиот живот лежи во карактерот и навиките кои се доминантно присутни кај човекот. Таа вели она што НЕ можеме да го промениме е:
- Нашето семејство
- Нашето минато
- Нашето детство и
- местото каде што сме се родиле
Но тоа е фасцинантно откритие дека сѐ друго, освен тоа можеме да промениме, а тука спаѓа:
- Нашите негативни мисли
- Нашите негативни уверувања и перцепција
- Нашите избори
- Нашите НАВИКИ
и најважно..
- Нашата ИДНИНА или СУДБИНА
Така инспирирана од својот животен пат и доста предизвикувачки искуства полни со искушенија, таа на себе докажа дека безразлика на тоа во каква состојба или ситуација се наоѓаме, секогаш има можност за ИЗЛЕЗ, само треба цврсто да одлучиме и да имаме ВЕРА, сѐ останато како неопходен метод таа го дава во Психолошкиот прирачник кој е внимателно структуриран за индивидуата позитивно да напредува и се развива и интелектуално преку едукација, и емотивно и најважно - ДУХОВНО што придонесува човекот да живее еден похармонизиран живот во ова време на големи предизвици, контрасти и стрес.