vesna-kiradzhieva

Весна Кираџиева

Весна Кираџиева е родена во Скопје, во 1986 година. Со атлетика почнува да се занимава во 1998 година, под тренерската палка на Методија Веновски. Првиот репрезентативен натпревар во дресот на Македонија го има во 2000 година. Една година по дипломирање на Полициска академија, во 2009 година, заедно со нејзиниот брат Александар и Томе Попчевалиев, го основаат својот атлетски клуб во кој моментално работи и како тренер. Таа е национална рекордерка и шампион во маратон (3:07), полумаратон (1:27) и на 10.000 м (40:37). Пишува статии за веб-сајтот endurance.mk, а по покана, и за други локални портали и списанија.

0 книги од овој автор.