vex-king

Векс Кинг

Векс Кинг (13.4.1987) е британски духовен учител, тренер на умот, писател и претприемач за животен стил. Тој ги здружува својата деловна способност и креативната смисла за уметностите со еден филозофски начин на размислување, духовна мудрост и верба во позитивен став за постигнување успех. Завршил студии за информациски системи за раководење со бизниси. Пред да се посвети на својата сегашна работа, извесно време работел како системски аналитичар и музички продуцент.

Како оптимист, визионер и филантроп, Векс е сопственик и основач на брендот за животен стил Бон вита – платформа што дава охрабрувачки перспективи, духовна мудрост, практични решенија, инспиративни приказни, животни лекции и многу повеќе. На социјалната мрежа Инстаграм го следат над половина милион луѓе. Векс го користи своето позитивно влијание да шири само добри вибрации за да можат луѓето да го откријат својот целосен потенцијал и да достигнат величина во сите области на животот. Наскоро по објавувањето во декември 2018 г., Добри вибрации, добар живот стекна голема популарност. Преведена е на 40 светски јазици и продадена во над милион примероци. Минатата година беше апсолутен бестселер на Сандеј тајмс. Неговата втора книга Исцелувањето е во мода (Healing is the New High) стана меѓу најпродаваните уште во првата недела од објавувањето во април 2021 година и оттогаш е постојано на листата на 20 најпродавани книги во Велика Британија.

1 book by this author: