vinka-sazdova

Винка Саздова

Винка Саздова е родена на 10 август 1956 година, во Стрезовце, Република Македонија. Има завршено Филозофски факултет во Скопје, на Катедрата по психологија. Била новинар во Културната редакција на дневниот весник „Вечер“ и уредник за култура во „Република“. Работела како соработник во издавачката куќа „Култура“, а потоа како директор и главен уредник на ЗУМПРЕС. Во 1999 година го основа Издавачки центар ТРИ и во следните десет години е негов главен уредник. Од 2009 година се посветува на пишувањето и оттогаш ги има објавено романите Последниот чај (2009), Полиња со диви нарциси (2011), Понекогаш доаѓа среќа (2013) Луна (2015) и Вилино (2019) . Уште со првиот роман создава своја читателска публика, а нејзините книги досега се објавени во над 35 изданија. Последниот чај е воедно најуспешниот роман на Издавачки центар ТРИ со 14 изданија, а преведен е и на српски, хрватски и бугарски јазик. Двапати е прогласена за најчитан автор – во 2012 година од НУБ „Св. Климент Охридски“, а во 2014 година од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Живее и твори во Скопје и Охрид.

6 books by this author: