vinko-moderndorfer

Винко Модерндорфер

Винко Модерндорфер (22 септември 1958, Цеље) е современ словенечки писател, сценарист, режисер. Во 1983 г. дипломирал на Академијата за театар, радио, филм и телевизија, насока Театарска и радиска режија. Во 2003 г. станал доцент по театарска режија. Во 1983 година, кога почнува неговото режисерско патување по словенечките театри, станува член на Друштвото на словенечките писатели и на словенечкиот ПЕН-центар. Станува збор за извонредно сестран уметник кој се јавува како автор на поетски книги, збирки раскази, романи, драми и комедии, есеистички книги, филмски, телевизиски, оперски, куклени и театарски режии. Има објавено 60-тина книга поезија и проза, за деца и за возрасни, како и драми, збирки раскази и есеи. За многу од нив, како и за своите режисерски дела, има добиено голем број значајни награди. Од поетските книги за деца посебно се издвојуваат Колку убаво почна денот, 1993, Господи, колку убав свет, 1995, и Бара, чевел, мрсул и ракав од 2009 година. Од прозните книги за деца особен успех постигна неговата серија за Мачорот Лангус и маѓепсничката Гајка, 2002, Враќањето на Мачорот Лангус и маѓепсничката Гајка, 2006, Патувањето на Мачорот Лангус и маѓепсничката Гајка, 2009. Има објавено и две книги со драми за деца: Внимание! Никаквеци на дело!, 1997, и Глувци во операта, 2007 година. Романот Како во филм од 2013 г. беше прогласен за најдобар роман за деца и млади во Словенија.__

2 books by this author: