violeta-tancheva-zlateva

Виолета Танчева–Златева

Виолета Танчева-Златева – поетеса, раскажувач. Родена на 25 април 1968 г., во с. Бориево, Струмица. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Југословенска книжевност. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 година. Член е на Редакцијата на Списанието за книжевност и култура АКТ и на Здружението на лекторите на Република Македонија. Ги има објавено следните книги: Проза: Книга за сонот (куса проза, 1991), Враќања (роман, 1993), Враќајќи се во Бориево (раскази, 1999). Поезија: Мојот Пикасо (2007), Заробеници на молкот (2010), Огнена (2011), Нашата приказна (2013), Година без лето (2015). Роман за деца: Шарени писма (2008). Освоила четири награди на анонимниот конкурс за краток расказ на „Андриќеви денови на културата“ во Травник во 80-тите години, прва награда за проза на анонимниот конкурс на Независни изданија „Ѓурѓа“ во 1991 г., наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2015 година за најдобра книга објавена меѓу два фестивала, за стихозбирката Година без лето.

3 books by this author: