virginie-grimaldi

Виржини Грималди

Виржини Грималди е современа француска авторка и блогерка, која од 2014 година е една од најчитаните француски романсиери. Родена е во 1977 година, во Жиронд, близу Бордо. Желбата за пишување била поттикната од тетратката со песни на нејзината баба, па таа уште на осум години го скицирала својот прв роман. Во 2009 година отворила свој блог, „Femme Sweet Femme“, на кој претежно објавувала хумористични написи под псевдонимот Жини.

Во 2014 година го објавува првиот роман „Денот кога почнав да живеам“, кој многу брзо ги освоил читателите и таа станала вистинско литературно откритие во Франција. Потоа следувале романите „Ќе сфатиш кога ќе пораснеш“, 2016; „Мирисот на среќата е посилен од дождот“, 2017; „Време е повторно да ги запалиме ѕвездите“, 2018; „Кога нашите сеќавања ќе заиграат“, 2019; „Само слатките мигови остануваат“, 2020; „Можности“, 2021. Сите седум романи стануваат бестселери. Во 2019 и 2020 година е меѓу Топ 10 француски романсиери на „Фигаро/ГфК“ според бројот на продадени книги.

Во 2018 година ја објавува збирката „Драга бабо“, хумористични „разгледници“ првобитно објавувани на Инстаграм и упатени до нејзината баба, а во 2020 нејзиното продолжение. Средствата од продажбата на двете збирки ги донира во хуманитарни цели. Нејзините романи се преведени на повеќе од дваесет јазици.

1 book by this author: