vladimir-martinovski

Владимир Мартиновски

Владимир Мартиновски (Скопје, 1974) e поет, раскажувач, есеист, теоретичар, книжевен преведувач. Работи како редовен професор по предметот Компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Докторирал на Универзитетот Париз III – Нова Сорбона. Автор е на книжевно-теориските студии: Од слика до песна – интерференции меѓу современата македонска поезија и ликовните уметности (2003), Споредбени триптиси (2007), Слики за читање – аспекти на екфразиската поезија (2009), Споредбени диптиси (2011), Зоон поетикон – аспекти на современата македонска поезија (2013), Narro ergo sum (2015), Поетски (ре)визии (2018) и Далеку, а блиску – македонско-јапонски книжевни врски (2020). Автор е на книгите поезија: Морска месечина (хаику и танка, 2003), Скриени песни (хаику, 2005), И вода и земја и оган и воздух (хаику, 2006), Квартети за читање, гледање, пеење и слушање (2010), Побрзај и почекај / Harry up and Wait (песни во проза, 2011), Пред и по танцот (2012), Вистинска вода (2014), Внатрешни планини (2016) и Сонувани и будни песни / Dream and Awake Poems (2017) и 101 сонет од една чудна пролет (2020). Објавил три книги хаибуни: Ехо од бранови (2009), Мачка во магла (2016) и Небо без ѕвезди (2016). Автор е и на книгата раскази Зооатории (2019), како и на две стихозбирки за деца: Dum spiro spero / Дур дишам се надевам (2019) и Шах со Бах (2020). Неговата поезија е објавена на дваесетина јазици. Добитник е на неколку книжевни награди: „Нова Македонија“ (2009), „Браќа Миладиновци“ на СВП (2010), „Димитар Митрев“ (2013), „Витез на македонскиот пишан збор“ (2014), „Антеов златник“ (2020), „Лирата на Орфеј“ (2020).

2 books by this author: