vladimir-nabokov

Владимир Набоков

Владимир Владимирович Набоков (22 април 1899–2 јули 1977), е руско-американски писател, преведувач и новинар. Роден е во Санкт Петербург, во богато аристократско семејство. Студирал зоологија, словенски и романски јазици на колеџот Тринити, Кембриџ во Англија. Извесно време живеел во Берлин, каде што се одиграло случајното убиство на татко му. Таму ја сретнал руската Еврејка Вера Слоним, за која се оженил и го добил синот Димитри. Со семејството во 1940 г. се преселил во Америка. Работел како лепидоптер и како предавач по руска и европска книжевност на повеќе американски универзитети. Набоков стекнал светска слава со романот Лолита (1955), чиј успех му овозможил да се врати во Европа и да му се посвети на пишувањето. Заедно со жена му се преселил во Монтре, Швајцарија, каде што останал сè до својата смрт. Пишувал на руски и на англиски јазик. Автор е на многу романи, кратки раскази, песни и драми, кои ги преведувал со помош на својот син. Негови позначајни дела се романите Крал, дама, џандар; Лужиновата одбрана; Покана на погубување; Вистинскиот живот на Себастијан Најт; Блед оган; Пнин; Ада; збирката драми Човек од СССР; мемоарите Зборувај, сеќавање! и недовршениот роман Оригиналот на Лаура. Седумпати бил финалист за американската Национална книжевна награда за белетристика. Освен плоден писател и страстен пеперуткар, Набоков бил синестет и шахист.

1 книга од овој автор: