vladimir-sorokin

Владимир Сорокин

Владимир Сорокин (1955 г. во Биково, Руска Федерација) – руски писател, еден од водечките претставници на рускиот концептуализам. Сорокин моментално се смета за еден од тројцата главни руски постмодернисти (покрај Виктор Пелевин и Виктор Ерофеев). Неговите книги, кои се полни со артистички експерименти и слободно ја интерпретираат најновата историја, му донеле репутација на скандалист, но и на „најверојатно последниот од долгата листа големи руски писатели“. Автор е на раскази, драми, филмски сценарија и романи, меѓу другите: „Редица“, „Норма“, „Триесеттата љубов на Марина“, „Срцата на четворицата“, „Азурно сало“, „Телурија“, и др. За книгата „Редица“ е номиниран на наградата „Руски Букер“.

1 book by this author: