wayne-w-dyer

Вејн В. Дајер

Д-р Вејн В. Дајер, од обожавателите наречен „татко на мотивацијата“, е меѓународно признат автор, говорник и пионер во полето на саморазвојот. Во текот на четирите децении работа има напишано над 40 книги (од кои 21 се бестселери на Њујорк тајмс), создал голем број аудиопрограми и видеа и се појавил на илјадници телевизиски и радиоемисии. Неговите книги Манифестирајте ја својата судбина, Мудроста на времето, Има духовно решение за секој проблем и бестселерите на Њујорк тајмс - 10 тајни за успех и внатрешен мир, Моќта на намерата, Инспирација, Промени ги мислите - промени го животот, Изговорите почнаа!, Исполнети желби и Сега можам јасно да видам, беа претставени на Националната јавна телевизија во специјални емисии.

Вејн Дајер докторирал образовно советување на Државниот универзитет Вејн, а извесно време работел како вонреден професор на Универзитетот Сент Џон во Њујорк. Целиот живот бил посветен на учењето и пронаоѓањето на повисокото Јас. Во 2015 година го напушти своето тело враќајќи се во бесконечниот извор за да се впушти во својата следна авантура.

Веб-страница: www.DrWayneDyer.com

1 book by this author: