wei-hui

Веј Хуј

Веј Хуј е млада кинеска писателка, родена во 1973 година во местото Јујао, во провинцијата Цечјанг. Дипломирала кинески јазик и литература на престижниот универзитет Фудан во Шангај. Од 1995 година објавува кратки раскази и новели, меѓу кои се и Крикот на пеперугата, и Девица во вода. Во мај 2000 година го завршила филмот Јама Ноа што го режирала сама. Филмот е посветен на животот на писателот. Била новинар, уредник, спикер на ТВ, келнерка во кафуле. Романот Шангај бејби е нејзин прв роман и наедно нејзино најпровокативно и најконтроверзно дело, кое стана светски хит и е преведено на осумнаесет јазика. Тоа е приказна за љубовта, страста и самозапознавањето.

1 книга од овој автор: