Вилијам Јури
Преговарач, јавен говорник и автор на бестселери, Вилијам Јури (12.9.1953) го раководи проектот за глобални преговори на Универзитетот Харвард. Тој е коавтор на Да се дојде до Да и автор на Да се одбегне Не и Третата страна. Во текот на изминатите три децении Јури посредувал во разни конфликти: од штрајкови во рудници за јаглен, преку конфликти меѓу управни одбори и акционери, до граѓански војни низ целиот свет. Држел семинари на кои присуствувале повеќе од десетици илјади лидери од деловниот, владиниот и непрофитниот сектор.
Јури е коосновач на е-парламентот (www.e-parl.net), форум за решавање проблеми за ефикасно законодавство, кој ги поврзува членовите на конгресите и парламентите низ светот. Исто така, ја води Иницијативата Патот на Авраам (www.abrahampath. org), која настојува да создаде постојан пат на туризам и аџилак на Блискиот Исток, враќајќи се по стапките на Авраам, обединувачката фигура на јудаизмот, христијанството и исламот. Антрополог по звање, Јури дипломирал на Јејл, а докторирал на Харвард.
За дополнителни информации, посетете ја веб-страницата www.williamury.com или пратете е-пошта на info@williamury.com