Евгениј Замјатин
Евгениј Замјатин (1884–1937) – руски писател кого книжевноста го памети како еден од пророците на XX век. Се занимавал со математика, бродоградителство и книжевност, но себеси се нарекувал „професионален еретик“. Иако на почетокот од својата творечка активност живее и работи во Англија, а животот го завршува во егзил во Париз, сите негови дела се напишани на руски јазик. По повеќедецениската забрана во родната земја, неговиот опус излегува од сенката во матичната книжевна средина дури на крајот од 80-те години од минатиот век. Во својот опус ги интегрира влијанијата на класичната руска книжевност и на западната книжевна традиција, кои му биле одлично познати. Иако на почетокот уживал почит меѓу водечките советски писатели и имал високи позиции во револуционерните книжевни кругови, протеран е од земјата поради својот бескомпромисен презир кон „книжевното арамолепство, сервилноста и камелеонството“, кои, како што вели, „подеднакво ги понижуваат и писателот и револуцијата“. Според него, „науката, уметноста и животот живеат преку еретиците“. Замјатин е автор на многу раскази, новели и драми, како и на два романа: Ние (1920) и Бичот Божји (незавршен).