yuri-mamleev

Јуриј Мамлеев

Јуриј Витаљевич Мамлеев е писател и философ, драматург и поет. Основач е на новиот литературен правец во современата руска книжевност – таканаречениот метафизички реализам. Роден е на 11 декември 1931 година во Москва. Во 1956 дипломирал на Шумарскиот факултет. Од 1957 до 1974 година предавал математика во вечерните училишта.

Сепак, во тој период основната област на неговата дејност била книжевноста. Неговите раскази, романи и философски есеи се распространувале преку самиздати, бидејќи било невозможно да ги објави преку советските официјални издавачки куќи. Во 60-те години на минатиот век во неговиот стан се собирале многумина дејци од „неофицијалната култура“ од тоа време. Меѓу нив биле и познати поети и уметници, како Леонид Губанов, Хенрих Сапгир, Лев Кропивницки, Александар Харитонов, Венедикт Ерофеев и други.

Поради неможноста да ги објавува своите дела, Мамлеев, заедно со сопругата, во 1974 г. емигрирале во САД, каде тој предавал на универзитетот Корнел, а во 1983 г. се преселиле во Париз каде предавал руски јазик и книжевност

0 книги од овој автор.