zoran-penevski

Зоран Пеневски

Зоран Пеневски (Панчево, 1967 г.) е писател, сценарист и преведувач. Автор е на романите „Лектор“ (СКЦ Нови Сад, 2015), „Траги од отсуство“ (Океан, 2008), „Помалку важни злосторства“ (стипендија од фондот „Борислав Пекиќ“, Океан, 2005 година) и други. Има напишано сценарија за стрип-албумите „Корпоративен пандемониум“ (цртежи на А. Золотиќ, Бесна кобила, 2015; награда од ULUPUDS за стрип на годината), „Des Rivierès sur les Ponts“ (цртежи на Г. Јосиќ, Делкурт, 2004), „Филип и Олга ‒ книжари“ (цртежи на Д. Павлиќ; Систем стрипови, 2012). Со Ивица Стевановиќ е ко-автор на првиот српски графички роман „Љубезни трупови“ (СКЦ Нови Сад, 2004; Комико, 2011) и на стрипот „L’Anatomie du Ciel“ (Les Humanoides Associès, 2006). Има објавувано приказни, текстови, прегледи, критики и есеи (за литература, стрипови, музика, илустрации и др.) во списанијата „Свеске“, „НИН“, „Време“, „Вечерње новости“, „Данас“, „Арт 032“, „Квадарт“, „Књижевна реч“, „Реч“, „Повеља“, „Детињство“, „Летопис Матице српске“, „Ритам“ и др. Има преведено повеќе од педесет книги (од англиски, германски и македонски јазик) и има уредено повеќе од сто изданија. Негови дела се преведени на англиски, француски, холандски и на македонски јазик.

1 book by this author: